Известување за колачиња на SkyShowtime

Последно ажурирање: декември 2025 година

Ова Известување за колачиња („Известување“) објаснува како SkyShowtime и нашите поврзани лица („SkyShowtime“ или „ние“), заедно со нашите партнери, вклучително и огласувачите и продавачите, користат Колачиња и слични технологии кога вие ја користите нашата веб-страница, нашата платформа и апликациите кои се поврзани со оваа политика („Услуги“). Ова Известување дава повеќе информации за овие технологии и за вашиот избор во врска со нив.

Во одредени околности, ние собираме лични податоци за вас преку овие Колачиња и слични технологии за следење кои може да вклучат ИП-адреса, информации за начинот на кој ги користите нашите Услуги, ваш избор за интернет-прелистувач, видот на уредот што го користите да пристапите до нашите Услуги и вашата локација. Доколку некои информации што ги собираме преку Колачињата и сличните технологии за следење се квалификуваат како лични податоци, ова Известување и нашата Политика за приватност се применуваат на собирањето и користењето на тие лични податоци.

Треба да ја прочитате и Политиката за приватност и ова Известување за подобро да го разберете користењето на вашите информации од страна на SkyShowtime.

Корисници под 18 години

Лица под 18-годишна возраст не смеат да имаат сметка на SkyShowtime, но можат да го користат SkyShowtime со согласност и под надзор на својот родител или старател. Родителите или старателите со регистрирана сметка, исто така, може да креираат посебен профил(и) со ограничување на возраста за деца под 18 години, од поставките на сметката на SkyShowtime.


БРЗ ВОДИЧ ЗA

  1. ШТО СЕ КОЛАЧИЊА И КАКО СЕ КОРИСТАТ?
  2. СОГЛАСНОСТ И ДРУГИ ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ КОЛАЧИЊА И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
  3. КОЛАЧИЊА НА ПОВЕЌЕ УРЕДИ
  4. КОЛАЧИЊА НА УРЕД СО ПОВЕЌЕ ПРОФИЛИ
  5. КОЛАЧИЊА НА УРЕДИ ШТО ГИ КОРИСТАТ ДЕЦА
  6. УПРАВУВАЊЕ СО КОЛАЧИЊА
  7. ВАШИТЕ ПРАВА НА ПРИВАТНОСТ
  8. АЖУРИРАЊА НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОЛАЧИЊА


1.  ШТО СЕ КОЛАЧИЊА И КАКО СЕ КОРИСТАТ?

Ова Известување за колачиња има за цел да овозможи јасен преглед на тоа што претставуваат Колачињата, како се категоризираат и на кој начин можете да управувате со нив во рамките на нашите Услуги.

Детали за поединечните Колачиња може да се најдат преку врската „Поставки за колачиња“ во подножјето на сите Услуги (или преку „Поставки за приватност“ на вашата сметка ако гледате преку паметен телевизор). Тука можете да погледнете информации поврзани со строго неопходните Колачиња и да направите прецизни избори за другите Колачиња.

1.1 Што се Колачиња?

Кога ги посетувате или ги користите Услугите, на вашиот уред може да се складираат или да се пристапи до мали делови од информации. Овие најчесто се нарекуваат „Колачиња“, но тие исто така вклучуваат слични технологии како што се пиксели и локално складирање. Колачињата им помагаат на веб-страниците и апликациите да запомнат работи за вас. На пример, вашите податоци за најавување, вашите претпочитани избори за јазик или до каде сте застанале со гледање на филмот. Колачињата овозможуваат Услугите да функционираат правилно и попогодно.

Ние, исто така, користиме Колачиња и слични алатки за да разбереме како се користат Услугите, за да можеме да решаваме проблеми, да ги подобруваме функциите и да препорачуваме содржина што одговара на вашите интереси.

Накратко, Колачињата ни помагаат да го направиме вашето искуство со стриминг поедноставно, поперсонализирано и порелевантно, а вие можете да контролирате многу аспекти поврзани со начинот на кој ги користиме Колачињата. На пример, можете да побарате од нас да ограничиме (или да ги конфигурираме поставките на вашиот прелистувач или оперативен систем за да ограничиме) одредени видови следење или да одбиете Колачиња што не се неопходни. Сепак, доколку го сторите тоа, можеби нема да можете да користите одредени функции поврзани со нашите Услуги или целосно да ги искористите сите наши понуди.

1.2 Различни нивоа на претплата

Нашите Услуги се достапни во различни нивоа на претплата. Некои нивоа вклучуваат реклами, додека други не. Ова подразбира дека одредени Колачиња и сродни технологии се неопходни за корисниците на нивоата на претплата што вклучуваат реклами (на пример, за обезбедување дека прикажаните реклами се во согласност со применливите закони и регулативи), но овие Колачиња нема да бидат релевантни за претплатниците на нивоата без реклами. Кога гледате информации за рекламирање, тие се однесуваат на корисниците кои се претплатени на ниво на претплата што вклучува реклами.

1.3 Видови колачиња

Услугите ги користат следните категории на Колачиња:

Секогаш активни Колачиња – Овие Колачиња се неопходни за функционирање на нашите Услуги и секогаш се вклучени. Обично, тие се поставуваат како одговор на изборите направени од ваша страна и/или за управување и заштита на платформата, и истите ги вклучуваат следните категории:

  • Строго неопходни: овие Колачиња се потребни за функционалноста на Услугата, вклучително за администрирање на системот, автентикација, безбедност, и заштита од измами, за да ви понудат препораки за содржина и да ви понудат можности за купување.
  • Чување и комуницирање на изборите за приватност: изборите што ги правите во врска со целите и субјектите наведени во панелот за поставки на Колачиња се зачувуваат и им се ставаат на располагање на тие субјекти во форма на дигитални сигнали (како што е низа од знаци). Ова е неопходно за да се овозможи функционирањето на оваа услуга и за да можат вклучените субјекти да ги почитуваат вашите избори.
  • Безбедност, спречување измами и управување со грешки: вашите податоци може да се користат за следење и спречување на необични и потенцијално измамнички активности, како и за обезбедување правилно и безбедно функционирање на системите и процесите. Исто така, може да се користат за коригирање на сите проблеми со кои вие, издавачот или огласувачот може да се соочите/соочат при испораката на содржина или реклами, како и при вашата интеракција со нив.
  • Доставување и прикажување реклами и содржина: одредени информации (како ИП-адреса или технички можности на уредот) се користат за да се обезбеди техничка компатибилност на содржината и рекламирањето и да се олесни преносот на содржината и рекламирањето на вашиот уред.

Опционални Колачиња – Овие Колачиња се применуваат со ваша согласност и вклучуваат:

  • Складирање и пристап до информации: Колачиња, уреди или слични онлајн-идентификатори (на пример, идентификатори засновани на најавување, случајно доделени идентификатори, мрежни идентификатори) заедно со други информации (на пример, тип и информации за прелистувач, јазик, големина на екран, поддржани технологии итн.) може да се складираат или прочитаат на вашиот уред за да се препознае секојпат кога ќе се поврзе со апликација или веб-страница, за една или повеќе од целите наведени овде.
  • Персонализирано рекламирање и содржина, мерење на рекламирање и содржина, анализа на публиката и развој на услуги: можете да ги поставите вашите претпочитани избори под овој наслов за да дозволите или одбиете специфични видови активности поврзани со рекламирањето и содржината, вклучувајќи: користење ограничени податоци за избрано рекламирање; креирање профили за персонализирано рекламирање; користење профили за избор на персонализирани реклами; креирање профили за персонализација на содржина; користење профили за избор на персонализирана содржина; мерење на ефективноста на рекламирањето; мерење на ефективноста на содржината; анализа на публиката преку статистички податоци или комбинации на податоци од различни извори; развој и подобрување на услугите; користење ограничени податоци за избрана содржина.Ние и трети страни можеме да ги поврземе кои било од овие Колачиња со друга информација што ја поседуваме за вас.

Колачиња од прва страна
Колачињата од прва страна ги поставуваме ние (вклучително и преку ангажирани даватели на услуги од трети страни) и се користат за да ви овозможат да ги користите Услугите и нивните функции, да ви помогнат во аналитичките активности и како што е опишано во нашата Политика за приватност.

Колачиња од трета страна
Одредени трети страни може да постават свои Колачиња на вашиот уред и да ги користат за да ве препознаат кога ги посетувате Услугите и кога посетувате други веб-страници или онлајн услуги. Овие трети страни ги собираат и користат овие информации во согласност со сопствените политики за приватност. Колачињата од трета страна овозможуваат рекламирање на веб-страници на трети страни како и обезбедување функции и функционалности на Услугите.

За да дознаете повеќе за начинот на кој се користат овие Колачиња, посетете ги веб-страниците на соодветните трети страни и внимателно прочитајте ги нивните известувања за приватност и Колачиња.


2.  СОГЛАСНОСТ И ДРУГИ ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ КОЛАЧИЊА И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ќе побараме ваша согласност за поставување колачиња или други слични технологии на вашиот уред, освен во случаите кога тие се неопходни за да ви ја обезбедиме Услугата што ја побарале (односно, Колачињата што се наведени како „Секогаш активни“).

Кога се потпираме на вашата согласност за поставување Колачиња и слични технологии на вашиот уред, можете да ја повлечете вашата согласност или да управувате со какви било претпочитани избори во врска со користење на функционалноста „Претпочитани избори за Колачиња“ во долниот дел од која било страница на нашата веб-страница. Потоа можете да ги вклучите или исклучите опционалните Колачиња за да ги изберете вашите претпочитани избори.

Можеби ќе биде потребно да ја освежите страницата за да стапат на сила ажурираните поставки.

Во одредени ограничени случаи, наместо на согласност, може да се потпреме на легитимен интерес, усогласеност со законите и исполнување на договор, за обработка на вашите лични податоци во врска со Колачињата. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност за дополнителни информации. Можете да ги прегледате и прилагодите вашите претпочитани избори за Колачиња во секое време преку врската „Поставки за Колачиња“ во подножјето на соодветните веб-страници или преку „Поставки за приватност“ на вашата сметка доколку гледате преку паметен телевизор.


3.  КОЛАЧИЊА НА ПОВЕЌЕ УРЕДИ

Колачиња или слични технологии се применуваат на телевизорот, прелистувачот или апликацијата на секој уред што го користите за пристап до Услугата, а не на вашата сметка. Поради ова, ќе побараме од вас да дозволите, одбиете или управувате со претпочитаните избори за Колачиња првиот пат кога ќе користите нов телевизор, телефон, таблет, компјутер или прелистувач со вашата сметка.

Доколку ги промените уредите, или ги избришете податоците од прелистувачот, вашиот претходен избор нема да биде зачуван и ќе биде побарано од вас да направите нов избор. Како резултат на тоа, можете да имате различни поставки за Колачиња на различни уреди дури и кога се најавувате со истата сметка.


4.  КОЛАЧИЊА НА УРЕД СО ПОВЕЌЕ ПРОФИЛИ

На еден уред, поставките за Колачиња се зачувуваат за целата сметка, а не за одделни профили поврзани со таа сметка (односно, различни членови на домаќинството).

Затоа, лицето кое управува со панелот за поставки на Колачиња на уредот прави избор што важи за сите профили поврзани со таа сметка на истиот уред. Останатите членови на домаќинството можат да ги прегледаат или ажурираат овие поставки во секое време, а нивните избори ќе важат за целата сметка на тој уред.


5.  КОЛАЧИЊА НА УРЕДИ ШТО ГИ КОРИСТАТ ДЕЦА

SkyShowtime свесно не собира ниту користи лични податоци од деца. Се потпираме на сопственикот на сметката или друго одговорно возрасно лице во домаќинството кое ќе ги избере поставките за Колачиња што се однесуваат на малолетници во домаќинството.

Пред детето да користи уред на кој е најавена вашата сметка, ве молиме прегледајте ги претпочитаните избори за Колачиња и изберете ги поставките што ги сметате за соодветни. Кога давате согласност за Колачиња, тоа го правите во име на сите малолетни лица во домаќинството.

За насоки во однос на користење на родителски контроли, посетете [Поставки за родителска контрола].


6.  УПРАВУВАЊЕ СО КОЛАЧИЊА

Можете да ги прилагодите вашите претпочитани избори за Колачиња во секое време преку врската „Претпочитани избори за колачиња“ во подножјето на соодветните веб-страници или преку „Поставки за приватност“ на вашата сметка доколку гледате преку паметен телевизор.

Исто така, можете да ги користите методите опишани подолу за да управувате со Колачињата. Мора да ги преземете тие чекори на секој од прелистувачите или уредите кои ги користите. Доколку го замените, промените или надградите вашиот прелистувач или уред, или ги избришете Колачињата, можеби ќе треба повторно да ги користите овие алатки за одбивање. Со оглед на тоа што некои решенија за управување со Колачиња исто така зависат од Колачиња, прилагодете ги вашите Колачиња на прелистувачот внимателно, следејќи ги соодветните упатства дадени подолу.

Контроли на прелистувач: Можеби ќе можете да оневозможите и да управувате со некои Колачиња преку поставките на прелистувачот. Доколку користите повеќе прелистувачи на ист уред, можеби ќе треба да управувате со поставките за секој прелистувач посебно. Кликнете на секоја од врските за прелистувач дадени подолу за упатства:

Google Chrome

Apple Safari

Mozilla Firefox

Microsoft Edge

Доколку прелистувачот што го користите не е наведен горе, погледнете во менито за помош на вашиот прелистувач за информации како да управувате со Колачиња. Имајте предвид дека оневозможувањето на Колачињата нема да ги оневозможи другите алатки за аналитика кои можеби ги користиме за да собереме информации за вас или вашето користење на нашите Услуги.

Локална меморија од Flash-апликации: Овие Колачиња се исто така познати како „Локално споделени објекти“ и може да се користат да ги складираат вашите претпочитања или да прикажат содржина од нас, од огласувачите и од трети страни. Flash-Колачињата треба да се избришат во делот за складирање од вашиот управувач за конфигурација на Flash Player.

Рекламирање на интернет засновано врз интереси: Најголем број на огласувачи трети страни нудат начин за да го одбиете нивното рекламирање на интернет засновано врз интереси. За повеќе информации или за да се откажете од добивање реклами засновани на интерес, од трети страни – огласувачи учесници, во зависност од државата во која живеете, посетете ја: Европска интерактивна алијанса за дигитално огласување


7.  ВАШИТЕ ПРАВА НА ПРИВАТНОСТ

Имате право на пристап, исправка, приговор, ограничување, бришење, пренесување, повлекување на согласноста (кога таа претставува правен основ, како што е наведено погоре) и да бидете информирани за начинот на кој ги користиме вашите лични податоци. Ве молиме погледнете го нашето Известување за приватност за повеќе информации во врска со вашите права за приватност.

Можете исто така да го поднесете вашето барање или какви било други прашања или загрижености во врска со ова Известување за колачиња или нашите практики за обработка на податоци, така што ќе нè контактирате на: privacy@skyshowtime.com. Ќе одговориме на вашето барање во согласност со применливите закони.

Исто така, можете да ни се обратите и по пошта на следната адреса: Compliance Team, SkyShowtime Limited, Sky Central, Grant Way, Isleworth, Middlesex, TW7 5QD, United Kingdom.

Нашиот офицер за заштита на личните податоци („ОЗЛП“) е одговорен да обезбеди заштита на вашите лични податоци и усогласеност со законите за заштита на личните податоци. Може да го контактирате нашиот ОЗЛП на dpo@skyshowtime.com за какви било прашања или загрижености поврзани со вашите лични податоци.

Имајте предвид дека комуникација преку е-пошта не е секогаш безбедна, така што не внесувајте информации за кредитни картички или други чувствителни информации во вашите е-пораки кои ги праќате до нас.

Имате право да поднесете жалба во врска со нас до Канцеларијата на комесарот за информации на Обединетото Кралство (www.ico.org.uk) или до локалното тело за заштита на личните податоци („DPA“). Список на DPA во ЕУ може да најдете тука.


8.  АЖУРИРАЊА НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ

Можеме да го измениме ова Известување за колачиња во секое време. Ќе ве известиме за сите важни измени доколку имаме правен однос со вас и на друг начин повремено ќе ги објавуваме ажурираните верзии на веб-страницата. Погледнете ја легендата ПОСЛЕДНО АЖУРИРАЊЕ во горниот дел од оваа страница, за да видите кога ова Известување за колачиња е ажурирано последен пат. Сите измени на ова Известување за колачиња стануваат полноважни кога ќе го објавиме ревидираното Известување за колачиња на или преку веб-страницата на SkyShowtime.