Центар за помош

Како функционира наплатата кога го надградувам или намалувам мојот план?


Од 23 април 2024 година, може да го надградиш твојот план од Стандарден со реклами на Стандарден плус во секое време, без разлика дали си на месечна или на годишна претплата.

 

Многу е важно целосно да го разбереш процесот на наплата за да избегнеш забуна или да мислиш дека има проблем со твојата сметка или дека е извршена неправилна наплата.

 

Разгледај ги табелите подолу за правилен процес на наплата при надградба или намалување на твојот план за претплата.

 

Како функционира наплатата кога го надградуваш твојот план од Стандарден со реклами план на Стандарден плус

 

 

Месечен план за плаќање

Годишен план за плаќање

Од кога ќе почне да важи надградбата?

Веднаш.

Веднаш.

За што и кога ќе ми биде наплатено?

Ќе ти биде наплатено за „Стандарден“ и за „опцијата Плус (без реклами)“*.

 

Ако направиш надградба на истиот датум на наплата како на твојот „Стандарден“ план, тогаш за „опцијата Плус (без реклами)“ ќе платиш на истиот датум.

 

Ако направиш надградба на друг датум на наплата, различен од датумот на планот „Стандарден“, тогаш за „опцијата Плус (без реклами)“ ќе платиш на денот кога ја имаш направено надградбата на твојата претплата за SkyShowtime.  Затоа ќе ти биде наплатено двапати на различни датуми за „Стандарден“ и за „опцијата Плус (без реклами)“.

Ќе ти се наплаќа месечно за „опцијата Плус (без реклами)“, која ќе ја трансформира твојата постоечка претплата од Стандарден со реклами во Стандарден плус.

 

Ако направиш надградба на истиот датум на наплата како на твојот „Стандарден“ план, тогаш за „опцијата Плус (без реклами)“ ќе плаќаш на истиот датум секој следен месец.

 

Ако направиш надградба на друг датум на наплата, различен од датумот на планот „Стандарден“, тогаш за „опцијата Плус (без реклами)“ ќе плаќаш на денот кога ја имаш направено надградбата на твојата претплата за SkyShowtime, секој месец.  Затоа ќе ти биде наплатено одделно за „Стандарден“ и за „опцијата Плус (без реклами)“.

*Планот Стандарден плус се состои од „Стандарден“ и „опцијата Плус (без реклами)“.  За „опцијата Плус (без реклами)“ ќе платиш кога ќе ја надградиш твојата претплата за SkyShowtime.

 

 

Како функционира наплатата кога го намалуваш планот  од Стандарден плус на Стандарден со реклами

 

 

Месечен план за плаќање

Годишен план за плаќање

Од кога ќе почне да важи намалувањето?

Промената ќе почне да важи по завршувањето на твојот тековен циклус на наплата, но може да продолжиш да пристапуваш до твојот план Стандарден плус до крајот на месечниот циклус на наплата.

Промената ќе почне да важи на крајот на твојот тековен годишен циклус на наплата, но може да продолжиш да пристапуваш до твојот план Стандарден плус до крајот на годишниот циклус на наплата. 

За што и кога ќе ми биде наплатено?

На датумот кога ќе почне да важи намалувањето, ќе платиш за Стандарден со реклами.

На датумот кога ќе почне да важи намалувањето, ќе платиш за Стандарден со реклами.

 

За членовите кои имаат попуст „Половина цена доживотно“, ќе го изгубат попустот ако одлучат да се префрлат од Стандарден плус на Стандарден со реклами.

 

Ти треба повеќе помош? Контактирај со нас.


Дали ова ви беше корисно?