Здраво,, како да ти помогнеме?
Што се случува со неискористените денови кога го менуваш планот во текот на циклусот?
Ако го промениш планот за претплата во текот на периодот на наплата и промената стапи во сила веднаш, нема да добиеш поврат на неискористениот износ од тековниот план. Наместо тоа, вредноста на преостанатите неискористени денови ја одбиваме од износот што треба да го платиш за новиот план.
Како го пресметуваме попустот
Попустот се базира на:
- цената на твојот тековен план
- бројот на денови во циклусот на наплата
- бројот на преостанати неискористени денови при промена на планот
Формула за пресметка на попусти
Попустот го пресметуваме со оваа формула:
(Цената на планот ÷ бројот на денови во циклусот на наплата) × бројот на неискористени денови = попустот што се применува на новиот план
Пример: моментално користиш Стандарден месечен план (8,99 €/месечно) и се префрлаш на Премиум месечен план (13,99 €/месечно), а ти преостануваат 20 дена од 30-дневниот циклус на наплата. Попустот се пресметува вака: (8,99 € ÷ 30) × 20 = 5,80 €
Следната обнова ќе се наплати по редовната цена од 13,99 €/месечно.
Што ако попустот е поголем од цената на мојот нов план?
Ако вредноста на неискористените денови е поголема од цената на новиот план, од првото плаќање ќе се одбие износ еднаков на цената на новиот план, а за преостанатата разлика ќе добиеш поврат.
Помогни ни да ги подобриме нашите статии. Дали ова беше јасно?