Здраво,, како да ти помогнеме?

Што да направиш ако ти биде одбиен начинот на плаќање


Твојот начин на плаќање можеби е одбиен поради неколку причини како што се: 

  

  • Недостаток на расположливи средства 

  • Истечена картичка 

  • Користење припејд картичка 

  • Твојата банка го блокираше плаќањето од безбедносни причини 

  • Земјата што ја издала картичката е различна од онаа што ја користиш за регистрирање 

  • CVV-бројот не е правилно внесен 

 

Расположливи средства 

Пред да се обидеш повторно да го ажурираш начинот на плаќање, провери дали имаш доволно средства на картичката и дали е сè уште вaжечка. 

  

Обиди се да платиш повторно во режим на приватно прелистување  

Може да се обидеш да користиш друг прелистувач или да го отвориш тековниот прелистувач во режим инкогнито. Еве ги упатствата за користење на режимот инкогнито во прелистувачите што ги поддржуваме: 

  

  

Колку пати ќе се обидете да ми наплатите? 

Во случај да не дојде до продолжување на твојот план, ќе се обидуваме да извршиме наплата преку твојата картичка секој ден три дена по ред, па секој втор ден, а потоа до 27 дена или максимум 15 обиди. Ако плаќањето за претплатата не успее по повеќе обиди, твојот план ќе биде откажан автоматски. 
 
Имај на ум дека откажувањето исто така ќе резултира со губење на понудата за половина цена доживотно. 
 


Помогни ни да ги подобриме нашите статии. Дали ова беше јасно?

Дали ова го реши твојот проблем?

© 2026 SkyShowtime Limited. Сите SKY и SHOWTIME заштитни знаци и интелектуален имот што го содржат се во сопственост на Sky Limited и Showtime Networks Inc., и се користат под лиценца од страна на SkyShowtime Limited. Сите заштитни знаци и интелектуален имот на Paramount, a Skydance Corporation, NBCUniversal, Peacock и други поврзани компании се во сопственост на нивните сопственици. Сите други заштитни знаци и интелектуален имот се во сопственост на своите сопственици. Сите права се задржани.