Серијата The Tattooist Of Auschwitz - достапна за гледање на SkyShowtime

Инспирирана од вистински настани и од меѓународниот бестселер на Хедер Морис. Музиката е на оскаровецот Ханс Цимер и Кара Талве.

Инспирирана од вистинска приказна

1 сезона - 2024 - драма

Lali доаѓа во Аушвиц во 1942 г. и е задолжен да ги тетовира броевите на рацете на другите логораши. Така ја запознава Gita (Anna Próchniak). Меѓу нив се раѓа љубов на прв поглед, и така започнува една храбра, незаборавна и хумана приказна во која тие се решени да преживеат заедно. По 60 години, Lali (Harvey Keitel) се запознава со писателката Heather Morris (Melanie Lynskey). Вдовец од неодамна, тој се охрабрува да му ја раскаже на светот својата приказна.

Приказна за романса, љубов, преживување и надеж

Lali Sokolov
Го играат Jonah Hauer-King и Harvey Keitel

Gita Sokolov
Ја игра Anna Próchniak

Во своите млади години, Lali се потпира на својата природна досетливост и остроумност, на својата снаодливост и пресметлива храброст, за да преживее во најужасниот концентрационен логор во поново време. Неговиот инстинкт за преживување е придружуван од љубезноста, иако е разочаран зашто не е толкав алтруист колку другите. Им помага на онолку луѓе колку што може, но го прогонува сознанието дека не може да им помогне на сите.

Gita е многу поразлична од Lali. Ниту се потпира на својата самопочит, ниту се бори со самодоверба, не сака да зборува за тоа која била претходно, па дури и не го открива своето цело име бидејќи смета дека тоа е неважно. Никогаш повторно нема да биде таа личност. Но знае дека може да даде љубов, и тоа ги одржува неа и луѓето што ги запознава во Аушвиц - подготвеноста не само да даде љубов туку и да продолжи да верува во неа. Таа е прагматичар наспроти оптимистот Lali - но најважно е тоа што, сакајќи го, таа се заразува со неговата надеж и ги поддржува неговите луди планови, честопати смислувајќи и свои.

Играат и

Stefan Baretzki
Го игра Јонас Нај

Гледај ги сите епизоди

Епизода 1
Heather го запознава 80-годишниот Lali, кој сака да ја раскаже својата животна приказна, неверојатна приказна за љубовта и преживувањето во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц.

Други серии на SkyShowtime

Logo

ЗАБАВА ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОПУШТИ ПО НАЈДОБРА ЦЕНА

Стримувај го најновото и најдоброто, сето тоа за само 4,99 €/месечно

Често поставувани прашања

Сите наши пакети ги вклучуваат сите блокбастери, ексклузивни нови серии и локални оригинали на SkyShowtime.

Гледај без реклами.

Претплатата на Стандарден со реклами вклучува реклами, додека Стандарден и Премиум ти овозможуваат да ги гледаш сите содржини без реклами*.

*Може да содржи промотивни трејлери за филмовите и сериите на SkyShowtime.

Преземања

Со претплатата на Стандарден со реклами, не е можно да се преземаат содржини за гледање офлајн. За таа можност, мора да имаш Премиум или Стандарден пакет. Со претплатата на Премиум, може да преземаш до 100 филма или епизоди месечно, меѓутоа само 30 од преземените наслови може да бидат филмови. Пакетот Стандарден ти овозможува да преземаш до 30 филма или епизоди месечно.

Истовремени стримувања

Со претплатата на Премиум, може да гледаш содржини на пет екрани истовремено, на Стандарден, пак, може да гледаш на два екрана истовремено, а пакетот Стандарден со реклами ти овозможува да гледаш само на еден екран.

Може да гледаш SkyShowtime во секое време, на секое место. Најави се на твојата сметка на SkyShowtime за да гледаш филмови и серии онлајн, на skyshowtime.com, од компјутер или од кој било уред со интернет-врска. Исто така, може да гледаш SkyShowtime преку апликацијата која е достапна на паметни телевизори, паметни телефони, таблети. За целосна листа, погледни тука.

Може да гледаш филмови и серии онлајн со SkyShowtime во: Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.

Гледачите може да користат родителска контрола за да отворат профил за деца со интерфејс лесен за користење на кој се прикажуваат само програми и филмови кои се соодветни за сите возрасти. Кликни на за да дознаеш повеќе за профилите за деца на SkyShowtime

Жал ни е што заминуваш, но ти го олеснивме откажувањето на членството, а можеш да ни се вратиш кога и да посакаш. Оди до „Моја сметка“ и кликни „Откажи членство“, потоа следи ги чекорите на екранот. Ќе добиеш е-пошта со потврда на откажувањето. Ако се претплатиш и плаќаш преку твојот профил на следниве партнери, ќе треба да откажеш директно преку нив.
• Google
• Apple