Центар за помош

Како да го надградиш или намалиш твојот пакет


Надградбата или намалувањето на твојата претплата може да се разликува во зависност од тоа како првично се имаш претплатено. 

 

Надградба од Стандарден со реклами на Стандарден плус  

Следи ги овие чекори ако се имаш пријавено директно на веб-локацијата SkyShowtime и сакаш да се надградиш од планот Стандарден со реклами на планот Стандарден плус: 

 

  1. Оди во делот„Планови и плаќања“. 

  1. Кликни на опцијата „Промени или откажи план“. 

  1. Ќе ја видиш „опцијата Плус(без реклами)“ како неозначен додаток во квадратче 

  1. Штиклирај го квадратчето за да го избереш овој план. 

  1. Кликни на „Промени план“ за да ја потврдиш надградбата. 

  1. Тогаш надградбата ќе биде важечка на веб-локацијата SkyShowtime.  За надградбите направени на ТВ-уреди, треба да ја рестартираш SkyShowtime на сите уреди за да биде важечка надградбата. 

 

Намалување од планот Стандарден плус на Стандарден со реклами 

Следи ги овие чекори ако се имаш пријавено директно на веб-локацијата SkyShowtime и сакаш да се префрлиш од планот Стандарден плус на планот Стандарден со реклами: 

 

  1. Оди во делот„Планови и плаќања“. 

  1. Кликни на опцијата „Промени или откажи план“. 

  1. Ќе ја видиш „опцијата Плус (без реклами)“ како означен додаток во квадратче. 

  1. Отштиклирај го квадратчето за да го поништиш изборот на овој план. 

  1. Кликни на „Промени план“ за да го потврдиш намалувањето.

  2. Тогаш намалувањето ќе биде важечко на веб-локацијата SkyShowtime. За намалувањата направени на ТВ-уреди, треба да ја рестартираш SkyShowtime на сите уреди за да биде важечко намалувањето.

 

Надградба или намалување на мобилен телефон

Следи ги овие чекори ако правиш надградба или намалување преку апликацијата SkyShowtime на твојот мобилен уред:

 

  1. Отвори ја апликацијата SkyShowtime.
  2. Кликни на копчето или на твојот аватар горе десно.
  3. Кликни на „сметка“ во горе десно.
  4. Кликни на „Промени го или откажи го твојот план“.
  5. Штиклирај ја или отштиклирај ја „опцијата Плус (без реклами)“ за надградба или намалување.

 

Ти треба повеќе помош? Контактирај со нас. 


Дали ова ви беше корисно?